Хулија Флорес Колке од Боливија, која и натаму ужива во песната на староседелскиот јазик и свири на мајушна андска гитара, наскоро ќе наполни 118 години, и е најстарата жена во таа земја, а можеби и во светот, но неофицијално.
Хулија никогаш не слушнала за Гинисовата книга на рекорди и нималку не мари што нејризниот рекорд не е потврден, а портпаролката на Гинисовата книга вели дека не стигнала никаква пријава за нејзините години, пренесува АП.
Во својот долг живот, оваа Јужноамериканка била сведок на две светски војни, револуцијата во родната Боливија и преобразувањето на нејзиното село Сакаба, кое некогаш имало 3.000 жители, а денес е град од 1755.000 луѓе за само пет децении.
Во нејзината лична карта стои дека е родена на 26 октомври 1900 година во рударски камп во боливиските планини.
Како да доживеете 100ка? Тој тврди дека клуч за долговечноста се јогата и целибатот (видео)