Како да доживеете 100ка? Тој тврди дека клуч за долговечноста се јогата и целибатот (видео)

Сподели со своите пријатели

Индиски свештеник има 120 години и сака ад влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жива личност во светот. Тврди дека за долговечноста може да се заблагодари на јогата и апститенцијата од сексот.

Свами Сивананда, кој според податоците од пасошот е роден на 8 август 1896 година. Во Индија е популарен, а тврди дека целиот живот апстинирал од секс. Исто така, не користи никакви лекови, јаде храна без зачини, а секојдневно вежба јога.

Дисциплината е најважна работа во животот. Со дисциплината може да победиш се, навиките во исхраната, сексуалната желба. Да ги контролирате своите потреби во најважното умеење во животот. Живеам така долго затоа што материјалните работи не се важни и не ме прават среќни. Роден е во сиромаштво и никогаш немав големи потреби во животот. Луѓето денес се несреќни, нездрави и стануваат нечесни што ме растажува. Сакам луѓето да бидат среќни и здрави и на мира со себе и светот – рекол тој.

Свами е висок само 1,58 метри и никогаш не спиел во кревет ниту користел перница – спие на под на душек, а како перница користи цигли. Луѓето од целата земја доаѓаат кај него во потрага по совети.

Претходно не сакав да излегувам во јавност затоа што таквите работи немаат никаква корист во животот, сепа моите следбеници би биле многу среќни кога би ме виделе во Гинисовата книга на рекорди – заклучил Свами.

 

Loading...