15.08.2016 16:32

Боласи конечно во Евертон за 30 милиони евра

Facebook Twitter Google+

Фудбалерот од Конго, Јаник Боласи го напушта Кристал Палас и во трансфер вреден 30 милиони евра преминува во Евертон, соопшти неговиот клуб.

Дваесет и седумгодишниот крилен напаѓач новиот договор го потпишал до 2021 година.

Боласи долго време беше желба на новиот менаџџер на Евертон, Роналд Куман, практично од јуни, но дури сега работата е завршена.

Боласи првиот гол во Премиер лигата го постигна на „Гудсон парк“, пред две сезони во редсот на Кристал Палас против Евертон.

На островот е од 2008 година, а во изминатиот период играл за Плимут, Барнет и Бристол.

 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments