Бојкот на брендовите кои го поддржуваат Израел низ Турција

Сподели со своите пријатели

Низ Турција, бројни компании, јавни институции, универзитети и самите граѓани одлучија да ги бојкотираат производите на брендовите кои го поддржуваат Израел.

Loading...

Оваа одлука, иако не е наведено за кои конкретни производи станува збор, уследи како одговор на бруталните израелски напади врз Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Прво, турскиот парламент објави дека повеќе нема да ги користи производите на компаниите кои ја поддржуваат агресијата на Израел.

„Во Големото национално собрание на Турција нема да користиме никакви производи на компании кои ја поддржуваат израелската агресија“, рече Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Турција.

„Отсега нема да купуваме ништо и ќе го фрламе она што сме го купиле претходно“.

Бојкот и на универзитетите

Тогаш Универзитетот Босфор (Богазиќи) во Истанбул одлучи да ја прекине продажбата на производи на брендови кои ја поддржуваат окупациската политика на Израел во таа високообразовна институција „додека Израел не се повлече од окупираните палестински територии“.

Техничкиот универзитет Карадениз (КТУ) и Универзитетот во Трабзон, исто така, одлучија да престанат да купуваат производи од брендови кои го поддржуваат Израел.

„Ние сме со Палестина и затоа го започнавме бојкотот. Нашите капацитети во Универзитетот во Трабзон повеќе нема да продаваат производи од брендови познати дека обезбедуваат економска поддршка за израелските злосторства против човештвото во Газа“, се вели во одлуката.

Loading...

Турскиот универзитет Безмијалем објави дека е прекината продажбата на брендови за кои е познато дека ги поддржуваат израелските злосторства против човештвото во Палестина и Газа во мензите, кафетериите и сите објекти на оваа образовна институција.

Раскинат договор вреден 150 милиони долари

Компанијата Орду Енерџи АС, која работи во рамките на турската општина Орду, објави дека го раскинала договорот со израелската компанија за инвестиција во енергија вредна 150 милиони долари.

Градоначалникот на општината Мехмет Хилми Ѓулер рече дека „бојкотот е национална волја“.

Во објектите во градот Османије стопирана е и продажбата на израелски производи.

Градоначалникот Омер Тархан најави дека остро ги осудуваат израелските напади врз Газа и дека одлучиле да ги бојкотираат израелските производи.

„Израел врши геноцид врз нашите браќа муслимани во Газа. Затоа ги отстранивме израелските производи од полиците на нашите објекти во знак на протест“, рече тој.

Другите општини, како Хатај, на 4 ноември ја прекинаа продажбата на израелски производи во нивните капацитети.

Loading...

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според последните податоци, во израелските напади врз Газа загинале 10.569 Палестинци. Меѓу убиените има 4.324 деца и 2.823 жени.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.