Богатите Германци се многу побогати отколку што се мислело

Сподели со своите пријатели

Колку навистина се богати Германците, кој има премногу, кој има помалку и пред се во колкава мера и како се менува распределбата на богатството во општеството?

Loading...

Постојано има нови студии во кои често се слуша дека богатството на супербогатите продолжува да расте, додека социјално загрозените остануваат социјално загрозени.

Многумина се сомневаат дека навистина е така, но всушност е уште полошо, пишува ДВ.

Германците се многу, многу побогати отколку што мислеа луѓето

Тројца научници, Тило Алберс, Шарлот Бартелс и Мориц Шуларик, ја анализираа благосостојбата на Германците и развојот на богатството од 19 век до денес.

Нивната студија ја претставува првата сеопфатна анализа на долгорочниот развој на нееднаквоста на богатството во Германија од 1895 до 2018 година.

Таа се заснова на даночни податоци, анкети и списоци на богати поединци.

Еден од нивните резултати покажа дека Германците се побогати отколку што се проценуваше – за околу 4.000 милијарди евра!

Овие научници проценуваат дека вкупниот германски имот во 2018 година бил околу 13.000 милијарди евра.

Loading...

Од нив, околу 4.000 милијарди евра се деловни средства, а недвижниот имот вреди повеќе од 9.000 милијарди евра.

Според тоа, во однос на БДП, богатството на Германците е за 120 отсто поголемо од претходно претпоставеното.

Со други зборови: Германија е многу, многу побогата отколку што сугерира официјалната статистика.

Но, како тоа до сега е толку потценето богатството на Германците? Главниот проблем со кој се соочија тројцата автори беа непрецизните податоци.

Државните институции знаат за проблемот, но нема да реагираат

Кога станува збор за имотот, одговорна е даночната управа, а недвижниот имот во Германија е евидентиран за данок според стандардни вредности кои биле утврдени пред речиси шест или девет децении.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Поточно во 1964 година (старите сојузни покраини, т.е. Западна Германија ) или дури во 1935 година (новите сојузни покраини или Источна Германија).

Тие вредности одамна не се ни приближуваат до вистинските пазарни вредности. Ова особено важи за урбаните средини кои се крајно потценети.

Дополнително, Сојузниот завод за статистика и Бундесбанк исто така ги потценуваат деловните средства, особено за фирмите кои не се на берза и семејни.

Loading...

Тоа се компаниите кои ја формираат основата на германската економија.

Споменатите институции не даваат реална слика за богатството на богатите. Свесни се за проблемите, но не се планира реформа.

Светските војни придонесоа за поголема еднаквост

А што се однесува до распределбата на богатството во општеството, тоа зависи од периодот што се набљудува.

Ако се погледне целиот период од последните сто години, богатството на најбогатите не се зголемило несразмерно: во 1895 година, еден процент од најбогатите поседувале половина од вкупното богатство, а денес тој дел од населението има (само) четвртина од вкупното богатство на Германија.

Овој пад се случи речиси целосно во една генерација – помеѓу Првата светска војна и почетокот на 1950-тите.

Додека богатството на еден процент од најбогатите во Германија значително се намали за време на овој турбулентен период во германската историја – уделот на богатството на оние најбогатите во вкупното богатство на Германија – малку се промени од повоениот период.

Уништувањето предизвикано од Втората светска војна влијаеше на распределбата на богатството во Германија, но во помала мера.

Главната причина за остриот пад на вредноста на имотот на богатите во периодот меѓу двете светски војни беше Големата депресија од 1930-тите за време на Вајмарската Република.

Loading...

Деловното богатство – најважната компонента на богатството на најбогатите домаќинства – значително се намали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Многу компании ја изгубија вредноста или банкротираа.

Покрај тоа, средствата во форма на недвижен имот, акции и обврзници значително ја загубија својата вредност.

Хиперинфлацијата од 1923 година, исто така, предизвика остар пад на богатството на богатите во Германија.

Друга важна причина за намалувањето на вредноста на имотот на богатите беше еднократниот данок на имот („изедначување на товарот“), кој беше воведен во 1952 година.

Половина од проценетата вредност на тие средства – во компензациски фонд како таканаречен данок за изедначување на товарот.

Loading...

Можеше да се плаќа на рати – 30 години, па до почетокот на 80-тите. Парите од тој фонд беа искористени за паричен надоместок на оние кои го загубија имотот во војната.

Овој данок ја направи Германија една од најегалитарните земји на почетокот на повоениот период.

И после тоа, во текот на изминатите 70 години, богатите секако станаа побогати, но средната класа исто така можеше брзо да акумулира повеќе богатство.

Ова делумно се должи на фактот дека меѓу 1950 и 1980 година, сè повеќе луѓе можеа да купат недвижен имот и да профитираат од постојаниот пораст на нивните цени.

Од обединувањето на Германија, јазот расте побрзо и побрзо

Германските домаќинства во моментов имаат средства во просек во вредност од околу 420.000 евра – односно кога сите средства се собираат и се делат со бројот на домаќинствата.

Loading...

Но, ако направите список – од најсиромашните до најбогатите домаќинства – и ја земете вредноста што е точно на средината на таа листа (средна), тогаш резултатот е имот од само 120.000 евра.

Тоа покажува дека богатството е нееднакво распределено – се разбира во корист на богатата половина од населението.

Така, додека половина од Германците можат да си дозволат повеќе, богатството на луѓето со најниски примања – стагнира во последните 40 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Поточно, просечното богатство на посиромашната половина Германци на крајот на 1970-тите беше исто толку големо – или мало – како и денес, имено околу 20.000 евра (приспособено според инфлацијата). Приходите од социјално осигурување не се земаат предвид.

Од една страна, ваквиот развој се должеше на тоа што приходите речиси воопшто не пораснаа, па оваа група на население можеше да заштеди многу помалку од богатите.

Loading...

Од друга страна, посиромашните ги инвестирале своите заштеди во полиси за животно осигурување со пониски приноси или ги ставале во книшки, а не инвестирале во недвижен имот или акции.

Затоа не профитирале од брзиот развој на цените на недвижностите или настаните на берзата.

Најбогатите 10 проценти

Веќе малиот удел на посиромашната половина од населението во вкупното германско богатство е речиси преполовен од 1993 година – од повеќе од пет проценти на помалку од три проценти.

Поларизацијата на богатството беше особено силна во Источна Германија. И на Запад, просечното богатство на домаќинствата кои се веќе во долната половина од скалата – дури и малку се намали (инфлацијата земена во предвид).

Додека во 1993 година просечното богатство на најбогатите 10 проценти беше 50 пати поголемо од долната половина, во 2018 година беше дури 100 пати поголемо.

Со други зборови, нееднаквоста во Германија е огромна и нагло се зголеми по обединувањето. Истовремено, треба да се има предвид дека студијата се однесува на периодот пред пандемијата на корона, што дополнително ја влоши ситуацијата – односно го зголеми јазот во општествата, вклучително и во Германија.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.