Наместо организиран пречек на 31 декември, кумановчани оваа година ќе имаат можност да ја проследат и да се забавуваат на целодневен Новогодишен хепенинг во организација на Општина Куманово и Фондацијата за култура.
Како што денес на одржаниот прес соопшти Нино Величковски од општинската Фондација за култура, хепенингот ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад во Куманово со настап на танцовото студио “Мерлин”, а потоа ќе следи пречек на Дедо Мраз за најмалите, и настап на членовите на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост со претставата “Гледај ме со срце”.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.