Богат репертоар на Театар Куманово во следните две недели

Сподели со своите пријатели
Театар Куманово денес го објави репертоарот на претстави кои ќе се одржат во текот на месец ноември, со претстава за деца “ПИНОКИО“, закажана за понеделник по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.
Работена според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска, детската престава ќе се одигра во понеделник со почеток во 18.00 часот, како и на 26 и 27 ноевмри со почеток 11 и 12.00 часот.
Актерска екипа: Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ, Љупчо Хаџи – Стојанов.
Претставата „Жена од минатото“, работена според  текст на  Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ ќе се игра на 26 и 27 ноември со почеток во 20.00 часот.
 
Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи, неснаодливоста во ова време се доминантни во драмата „Жена од минатото“.
 
Актерска екипа: Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Нина Максимова.
            
Претставата „ЗАД КУЛИСИТЕ“ работена според текст на  Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска.  
ќе се игра на 24 и 25 ноември со почеток 20.00 часот. 
 
Претставата е комична драма на Мајкл Фрејн за еден театарски ансамбл, „собран“ и „составен“ да создаде профитабилна претстава, но нивните лични мотиви, љубовни врски, амбиции и фрустрации го водат овој обид во сè поизвесен крах.
 
Актерска екипа: Мартин Лазаревски, Нина Максимова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ,  Антонио Пешевски,  Александра Пешевска, Александра Михајловска, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Петрушевски Новко, Булатовиќ Надежда, Петрушевска Добринка, Костовски Славко, Кузмановска Љубица, Митевски Стојче, Бошковска Калина, Китановски Стевчо, Димовска Слободанка.