Бобан Стефановски од Куманово го искачи највисокиот врв во Мала Азија

Сподели со своите пријатели

Бобан Стефановски од Куманово го искачи врвот Дамаванд, највисокиот планински врв во Иран и Мала Азија, како дел од својата серија на освојувања на највисоките светски планини.

Loading...

Во својата досегашна животна авантура, Стефановски е единствениот кумановец кој има искачено седум високогорски врвови: првиот што го качи врвот Арарат (5137м.) во Турција во 2021 година, и единствениот планинар од Куманово што се има искачено на врвовите Колун Бастак (4135м.) и Дамаванд (5609м.) во Иран, Зумштајншпице (4563м.), Гран Парадизо (4061 м.), Брајтхорн (4164м.) на Алпите, Монблан (4.808м.)

Стефановски е дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, а воедно е и страствен планинар и планинарски водич. Член е на комисијата на планинарски патеки при Федерацијата за планинарство на Македонија, како и член на Младинската комисија при Федерацијата,

Неговата последна авантура од Иран беше повод да поразговараме со него на таа тема, а интересното интервју со Стефановски ви го пренесуваме во продолжение.

 

 

КМ: Важиш за голем освојувач на високите врвови, но зошто токму Дамаванд?

Loading...

Стефановски: Дамаванд е највисокиот врв во Иран и Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија како и третиот највисок вулкан на источната хемисфера. Исто така, многу ретко е искачуван од луѓето од нашите простори. Самата помисла да се отиде на некој необичен и непознат врв како што е Дамаванд, беше доволно да почне и да се планира експедицијата на овој стратовулкан.

 

 

КМ: Беше ли безбедно првин да се стигне до Иран и како патуваше?

Стефановски: Да, немаше никаков проблем во врска со патувањето во Иран. Мојот лет беше првин од Белград до Истанбул, каде требаше да се качам во друг авион од Истанбул до Техеран. Иран е релативно безбедна земја, немав никакви проблеми додека траеја летовите  или пак додека траеше мојот престој таму.

 

Loading...

 

КМ: Колку долго траеше искачувањето?

Стефановски: Искачувањето на Дамаванд траеше 4 дена, во кои имавме и две аклиматизациски искачувања до 4400 м.н.в. и до 4800 м.н.в. Меѓутоа, 2 дена претходно, имавме успешно искачување на еден врв повисок од 4000 метри, врвот Колум Бастак, висок 4135 метри, кој ни послужи како почетна аклиматизација. Ова врвче, иако не толку високо, сепак беше предизвик, бидејќи имавме висинско качување од 900 метри, на должина нешто  помала од 2 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

КМ: Дали сам одеше на овој подвиг или го реализираше со други планинари?

Стефановски: Групата со која одев, беше составена од 11 члена од Балканот. Кога се формираше групата, есента 2021-ва, бев само јас од Македонија. Меѓутоа, некаде во пролет, групата се прошири и бевме тројца Македонци, четири планинари од Србија и четири планинари од Хрватска.

 

 

Loading...

КМ: Кои беа предизвиците со кои се соочи на оваа авантура?

Стефановски: Искачувањето на Дамаванд може да биде многу опасно, иако на прв поглед, самиот врв не е технички врв, за кој не треба целосна техничка опрема. Меѓутоа, опасноста на овој врв не е во техничкото качување, туку во самата конфигурација на планината и нејзината височина: целата планина е составена од сипар и камењар, стазата по која качувавме е многу стрмна стаза која бара одлична психо-физичка подготовка. Самиот факт дека врвот е над 5000 метри, е доволна причина да се биде претпазлив, бидејќи 5000 метри е опасна височина каде телото почнува да реагира од самата висина и од недостаток на кислород во воздухот. Најчеста појава на вакви врвови е појавата на висинска болест, која може да доведе до едем на мозокот и едем на белите дробови, кои во одредени случаи се животозагрозувачки. Друга многу опасна работа на овој врв е испарувањето на сулфур, кое почнува некаде на 5300 метри надморска височина и предизвикува мачнина во желудникот и стомакот, повраќање, кое пак е додатен проблем, бидејќи при повраќање, телото се мачи и напрега и на крај дехидрира. Единствен спас од дехидрација е носењето и пиењето на многу вода, а на таа височина не можете да носите многу вода, што е дополнителен проблем. Самите фумароли (отворите од кои испарува сулфурот) се видливи и се на самата стаза, мора да се носи марама/бандана за да колку-толку се заштитите од сулфурот.

 

 

КМ: Колку може да биде опасно искачувањето на врв од овој тип?

Loading...

Стефановски: Искачувањето на секоја планина може да биде опасно ако не се почитува првин планината и ако не се следат одредени правила во поглед на опремата, психо-физичката подготвеност, временската прогноза и начинот на планинарење. Исто така, многу важен момент според мене е правилната хидратација, односно пиење на многу вода. Во едно од претходните интервјуа за Вашиот портал, имав изјавено дека „планината секогаш го има последниот збор“. Почитувајте ја планината ако сакате да уживате во неа и да се вратите живи и здрави дома.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

КМ: Какви се условите?

Loading...

Стефановски: Условите на оваа планина во овој период од годината се поволни за искачување, меѓутоа треба да се има во предвид дека вакви високи планини имаат своја микроклима и на кои времето може да се смени без оглед на тоа каква е временската прогноза. За време на нашето искачување имавме доста поволно време, без врнежи на дожд и снег. Дента кога го качувавме врвот, имавме силен ветер, кој, реално, не претставуваше некоја огромна пречка, бидејќи бев спремен и ја имав потребната опрема за условите кои ме очекуваа.

 

 

КМ: Ако некој се одлучи на сличен чекор, на што треба да биде подготвен , што треба да очекува и што треба да има?

Loading...

Стефановски: Ако некој се одлучи на сличен чекор, треба да биде подготвен на импровизација во поглед на менување на планот, на ден порано или ден покасно за врвот, во зависност од временскиот прозорец. Исто така, треба да биде многу искусен и долгогодишен планинар, психо-физички да биде многу подготвен и да поседува комплет опрема за високогорско искачување од ваков тип, како и челична психа, бидејќи ваквите планини буквално „јадат“ луѓе. Во разговор со човекот кој го поседуваше домот каде што бевме сместени, ни рече дека Дамаванд е врв кој има 4% на смртност.

 

 

КМ: Што освен добра опрема е потребно кога тргнувате на вакво искачување?

Стефановски: Освен добра опрема, за која гласи поговорката „опремата глава чува“, треба да се биде психо-физички подготвен, да имате челична психа затоа што сите овие експедиции секогаш носат од оние мали и невидливи проблемчиња кои скоро секогаш ви го менуваат планот, и тоа знае да земе многу енергија, да ве натера да излезете од онаа траекторија на испланираното и да треба да импровизирате, надвор од веќе испланираната комфорна зона. Треба да бидете подготвени дека не секогаш се’ ќе оди според планот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

КМ: Што ти остави најголем впечаток посебно од оваа авантура?

Стефановски: Како и секогаш, најголем впечаток од оваа авантура ми остави самиот врв, самата планина, која е нешто необично и различно од тоа што сум го видел досега. Исто така, Иран е доста затворена земја, со менталитет и начин на живот различен од нашиот и е комплетно невообичаена земја за посета. Градот Техеран, гратчето Рејне и селцата кои ги посетивме по патот, како и гостопримството и културата на локалното население се нешто што долго ќе го паметам.

Loading...

 

 

КМ: Дали имаше некаква поддршка за оваа експедиција?

Стефановски: Би сакал да изразам јавна благодарност до општината на нашиот град Куманово, која ја поддржа оваа експедиција. Јавна благодарност до компанијата „Бучен Козјак“, која исто така го поддржа искачувањето на врвот Дамаванд. Огромна благодарност и до сите мои блиски луѓе кои веруваа во мене дека можам успешно да го искачам и овој врв.

 

 

КМ: Кои врвови ги имате искачено досега?

Стефановски: Долго време планинарењето ми е омиленото хоби и имам искачено многу врвови. Покрај горенаведените високогорски врвовите, ги имам искачено сите попознати и повисоки врвови на Балканот и кај нас: највисокиот врв на Балканот, Мусала (2925м.) преку десет пати, неколку пати Митикас (2918м.) на митската планина Олимп, неколку пати на Вихрен (2914м.) на Пирин, Триглав (2864м.) во Словенија, Боботов Кук (2523м.) на Дурмитор во Црна Гора, Титов Врв (2747м.), Љуботен (2499м.) и други врвови на Шар Планина, Голем Кораб (2764м.), Кабаш (2391м.), Рибничка Скала (2305м.) на планината Кораб, и други високи и познати врвови и планини кај нас.  Исто така, една од посебните тури ми е Западната Македонска Трансверзала, од врвот Љуботен (2499м.) до Охрид, во должина од над 200 км, која ја поминав за 8 дена.

 

 

КМ: Кој е следниот врв на твојата листа за освојување?

Стефановски: Има доста врвови кои би сакал да ги искачам и доста планини кои би сакал да ги посетам. За да биде успешна една ваква експедиција, треба неколку важни работи да се наместат за да биде се’ во ред. Планови секако дека постојат, но уште е рано за да би можел да откријам што подготвувам за следната моја експедиција.