„Блумберг“: Германија врши притисок врз сојузниците од ЕУ да испратат тенкови во Украина

Сподели со своите пријатели

Германските власти им предложиле на европските партнери од НАТО да преземат конкретни обврски во врска со испораката на тенковите „Леопард 2“ во Украина бидејќи се загрижени дека партнерите од ЕУ можеби нема да му обезбедат на Киев доволно тенкови, наведува агенцијата „Блумберг“.

Loading...

„Германија сака нејзините европски сојузници, кои имаат тенкови „Леопард 2“ во своите воени залихи, да преземат конкретни и детални обврски до крајот на оваа недела“, наведуваат извори од германската влада.

Ова ќе овозможи да се премине на планирање на испораките на состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО во Брисел, што ќе се одржи на 14 февруари.

Како што наведува весникот, Германија е сè позагрижена дека европските сојузници нема да и дадат на Украина доволно борбени тенкови за да ги формира двата ветени тенковски баталјони (62 тенкови).

Германските власти претходно најавија дека на Украина ќе ѝ испорачаат 14 тенкови Леопард 2, а на другите земји ќе им дадат дозвола да ги предадат германските тенкови од нивните залихи на Киев.

Според германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тенковите „Леопард 2“ ќе бидат испратени во Украина „до крајот на март“.

Велика Британија, Норвешка, Полска, Словачка и Франција исто така најавија дека имаат намера да го снабдуваат Киев со тенкови од западно производство.

Украина очекува да ја добие првата серија од 140 тенкови од 12 земји. Киев исто така бара од Германија подморници и ловци.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.