Блумберг: Европската унија ги „изгуби“ руските милијарди

Сподели со своите пријатели

Властите на ЕУ имаат веродостојни податоци за замрзнување на 36,4 милијарди долари руски имот, додека нивниот вкупен износ на сметките во ЕУ се проценува на 258 милијарди долари, пренесува Блумберг повикувајќи се на документите.

Loading...

Правната служба на ЕУ соопшти дека законите на ЕУ дозволуваат инвестирање на замрзнати средства и користење на средства за помош на Киев, но официјалните лица мора прво да го утврдат обемот на средствата на руската централна банка и другите замрзнати средства поврзани со руската држава.

Оваа одредба е содржана во документот што беше проследен до земјите-членки на почетокот на месецот, кога во Брисел се одржа средбата на лидерите на ЕУ со Владимир Зеленски.

Врз основа на информациите од извештајот на руската централна банка за управување со девизните и златните средства за 2022 година, можеме да зборуваме за 258 милијарди долари на европските сметки, се наведува во документот.

Во моментов, земјите од ЕУ пријавија замрзнување на руски имот во вредност од 36,4 милијарди долари, но таа бројка сè уште се проценува.

Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕК предложила создавање на посебна структура за управување со замрзнатите средства на Руската Федерација.

Според податоците на ЕК, загубите на Украина за време на конфликтот изнесуваат околу 600 милијарди евра.

Во соопштението се посочува дека Западот блокирал околу 300 милијарди евра средства на Централната банка на Русија и 19 милијарди евра приватни средства на рускиот бизнис.

Loading...

Според Фон дер Лајен, „по укинувањето на санкциите, овие средства може да се искористат за целосно обештетување на Русија за штетата предизвикана на Украина“.

Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, замрзнувањето на рускиот имот во Европа го нарече кражба, истакнувајќи дека ова не е првпат ЕУ да таргетира не само приватни, туку и руски државни фондови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.