Блокадата поради коронавирусот го исчисти воздухот во Европа

Сподели со своите пријатели

Од воведувањето ограничувања во движењето и активности како резултат на коронавирус, загаденоста на воздухот е намалена во урбаните области низ цела Европа, покажуваат најновите сателитски слики во понеделникот.

Loading...

Сентинел-5 сателитските слики во период од 5ти до 25ти покажуваат намалување на просечното ниво на јаглерод диоксид во поголемите градови, вклучувајќи ги Брисел, Париз, Мадрид, Милан и Франкфурт, споредбено со истиот период минатата година.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Ова се совпаѓа со воведувањето ограничувања во сообраќајот, најголемиот извор на јаглерод диоксид и намалувањето на производството во фабриките што испуштаат штетни гасови во голем број европски земји, како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Новата снимка, објавена од Европската вселенска агенција (ЕСА) и анализирана од Европскиот сојуз за јавно здравје (ЕПХА), покажува намалена густина на гасот на јаглерод диоксид, што може да предизвика респираторни проблеми и карцином.

Како да им објасните на децата што е коронавирус?

Дневните временски услови можат да влијаат на нивото на загадување на атмосферата, така што сателитските слики земаат просек од 20 дена и ги игнорираат податоците земени за време на облачните денови.

Податоците од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) покажуваат сличен тренд помеѓу 16 и 22 март.

Loading...

Во Мадрид, просечното ниво на јаглерод диоксид се намали за 56 проценти на неделна основа, откако шпанската влада на 14 март забрани сите патувања, освен апсолутно неопходните.

Има 98 години и успеа да се избори со коронавирусот (ВИДЕО)

ЕПХА посочува дека луѓето кои живеат во загадени градови имаат поголем ризик да бидат заразени со „Ковид-19“, бидејќи продолжената изложеност на слаб квалитет на воздухот може да го ослабне имунолошкиот систем.

Во февруари, кога владата воведе строги ограничувања на движење за спречување на епидемијата на коронавирус, Кина, исто така, забележа пад на нивото на јаглерод диоксид во градовите.

Загадувањето на воздухот е причина за околу 400.000 предвремени смртни случаи секоја година во Европа, според ЕЕА.

Leave a Reply