Близнаци родени во разлика од 2 години: Шокираа со своето признание, таа има логично објаснување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Девојка по име Сар тврди дека е две години помлада од нејзиниот брат близнак, кога луѓето се збунети од тие информации, таа има логично објаснување.

Loading...

Имено, двата ембриони се формирани во ист циклус на ин витро оплодување, при што едниот е веднаш всаден, а другиот замрзнат. Ова значи дека тие биле зачнати истиот ден со ин витро оплодување од истата серија на ембриони, што ги прави неидентични близнаци.

Оваа девојка ги изненади сите кога ја раскажа својата приказна и ја објави на социјалната мрежа TikTok, а во една прилика призна дека е навредена и лута на своите родители бидејќи таа и нејзиниот брат не се родени во ист ден.

 

 

@sar_sargemy parents “forgot to tell me” apparently♬ original sound – Alex & Maritza Barona

 

– Се збунив кога дознав дека сум во замрзнувач две години и ми беше тешко да разберам дека тој и јас сме близнаци. Мислам дека тоа е нормална реакција за тинејџерка – рече таа.

Loading...

Видеото неочекувано стана вирално и го погледнаа повеќе од 6,3 милиони луѓе, па Сар одлучи да му покаже на својот брат и да одговори на најчесто поставуваните прашања во видеото.

– Не, не сме родени во ист ден, не сме идентични близнаци и не личиме, но тоа не го менува фактот дека сме брат и сестра – објаснила таа.

Иако многумина се воодушевени од оваа приказна, други инсистираат на тоа дека тие не се близнаци затоа што не живееле во стомакот на својата мајка во исто време.

 

 

@sar_sargePart 2 brother reveal is here! #IVFtwins #fyp #twins #brotherreveal♬ follow meee taytlaurel – taytlaurel

Leave a Reply