Блинкен: Украина постигна значителен напредок

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека украинската контраофанзива против руската армија сѐ уште е на самиот почеток, но дека украинските сили постигнале „значаен напредок“.

Loading...

Блинкен, кој е во Мексико на економски разговори, беше прашан за неговата проценка за ситуацијата во Украина.

Во текот на изминатите неколку дена, украинските сили зазедоа десетици позиции откако Москва во саботата го напушти своето главно упориште во североисточна Украина, што е нејзин најголем пораз од првите денови на нејзината агресија врз Украина.

– Она што тие го направија е многу методично испланирано и секако има значителна поддршка од Соединетите Американски Држави и многу други земји во однос на тоа да се осигура дека Украина го има во свои раце она што и треба за да ја спроведе таа контраофанзива – рече Блинкен за време на прес конференција во Мексико.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен во Кина: Ќе разговара за трговијата, Тајван, Тикток...

Блинкен рече дека конфликтот во Украина најверојатно ќе продолжи некое време, бидејќи Русија сè уште има многу значајни сили и оружје во Украина што сè уште ги користи „неселективно“ против цивилите и цивилната инфраструктура.

– Русија ја изврши оваа агресија. Мислам дека, со оглед на цената што ја плаќа, може и треба да се прекине – рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.