Блинкен: Пекинг се оддалечува од мирни решенија за спорните прашања

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека најновите активности на Кина кон Тајван се оддалечуваат од досегашната практика на мирно решавање на спорните прашања и се движат кон употреба на сила.

Loading...

Блинкен на прес-конференција во Манила рече дека САД ќе работат на тоа да се погрижат каналите за комуникација да останат отворени за да се избегне погрешна комуникација.

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван на 2 и 3 август и тоа е прва посета на функционер од тој ранг од 1997 година.

Американската администрација, која беше предупредена од кинескиот претседател Си Џинпинг дека „оној што си игра со оган ризикува да изгори“, го уверува Пекинг дека ја поддржува политиката на „една Кина“, но се огради од посетата на Пелоси, за која вели дека сама носи сопствени одлуки.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.