Благ пораст на утринските и дневните температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде биде многу студено во утринските часови, а преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и студено време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -5 степени целзусови, а максималната дневна се очекува да биде еден степен над нулата.

 

Loading...

 

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен во сабота.

Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски