Претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено во крајните западни и источни делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите ќе бидат поретки. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максимална температура од 23 до 29 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време и благ пораст над невната температура, односно истата ќе се искачи до 26 степен. Во вечерните часови пат ќе имаме слаби услови за грмежи и температурата ќе изнесува 13 степени целзиусови.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува врнежите да бидат поретки и повеќе застапени во планинските подрачја.
Нестабилност на повеќе места се очекува во понеделник, а од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.