Бизнисменките во Авганистан се плашат од новите талибански ограничувања

Сподели со своите пријатели

Талибанските власти во неколку авганистански провинции наредија нови ограничувања за вработување жени, објавија во вторникот авганистанските медиуми.

Loading...

Деловни жени во градовите Мазар-е-Шариф, Пул-е-Кумри и Кандахар изјавија дека локалните талибански власти им наредиле да престанат со работа.

„Дојде член на одделот за пороци и доблести и ни кажа дека имаме една недела да ги затвориме нашите продавници и да останеме дома“, изјавила за TOLOnews сопственичка на продавница во северниот дел на Мазар-е-Шариф.

Соработката со мажи и непочитувањето на упатствата за хиџаб се вели дека се главните причини за оваа одлука.

Фризерките во градот Пул-е-Кумери тврдат дека талибанците го сметаат нивниот бизнис за бунтовнички и против шеријатскиот закон.

Сепак, Акиф Муџахјир, портпарол на верските полициски сили на Талибанците, познати како Министерство за пропагирање на доблести и спречување на пороци, во вторникот за ДПА изјави дека извештаите се лажни.

Откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година, тврдокорните воведоа сериозни ограничувања на правата на жените на образование, работа и движење.

Во моментов, жените и девојчињата во земјава не можат да го продолжат своето образование по шесто одделение или да се запишат на високо образование.

Loading...

Ним им е забрането да работат во бројни канцеларии, вклучително и странски организации како што се Обединетите нации.

Исто така, не им е дозволено сами да патуваат на долги растојанија.