БИЗАРНИ ЗАКОНИ: Каде е забренето умирање, а каде мора постојано да се смеете?

Сподели со своите пријатели

Законите ширум светот имаат некои чудни и необични забрани. За некои има логично објаснување, а некои настанале во време кога можело да предизвика опасност.

Loading...

Другата работа е што не се во согласност со реалноста со текот на времето.

Ваков закон одамна важел во Австралија, каде што било незаконски да се менува сијалица, освен оние кои имаат лиценца за електричар. Законот датира од викторијанската ера и казната изнесувала 10 австралиски долари.

 

 

Бил донесен од чисто безбедносни причини и делумно бил ажуриран дури во 1998 година, кога била отфрлена казната за замена на светилки или вадење штекери од приклучоците.

Во Милано сè уште е на сила пропис од австроунгарско време, кој никогаш не бил укинат. Според формулацијата на овој закон, секој мора да се насмевнува, а намуртеноста е строго забранета.

Loading...

Насмевка на лицето не мора да имаат единствено медицински работници, луѓе при посета на болен член од семејството, како и оние кои присуствуваат на погреб.

Во Аризона сѐ уште важат законите кои забрануваат магаре да спие во када после 19 часот, а напишано е поради настан што всушност се случил во оваа сојузна американска држава.

Магарето, сопственост на трговец, спиело во када. Одеднаш, поради пукањето на браната, градот бил поплавен, а поројот го однело магарето километар подалеку.

 

 

Магарето било спасено, но мештаните потрошиле многу време и труд за да го спасат животното. Набргу потоа бил донесен овој чуден закон.

Меѓутоа, во блиското минато се донесени некои чудни закони. Така, првиот човек на францускиот град Сарпуронска во 2008 година им забранил на оние кои немаат гроб да умрат во овој град.

Loading...

Градоначалникот Жерар Лалан им се заканил на локалното население со строги казни доколку умрат бидејќи на пренаселените гробишта нема повеќе слободни места за погреб.

Оваа одлука ја донел бидејќи му било забрането да ги прошири локалните гробишта.

Потоа се заканил дека „ќе го испрати првиот мртовец кај претставниците на државата“.