Бизарни обичаи: Во една европска држава невестата морала да спие со сите гости кои дошле на свадбата

Сподели со своите пријатели

Низ историјата се практикувале многу необични обичаи, кои денес се целосно незамисливи.

Loading...

Девојките биле подготвени да направат драстични чекори за да прикријат дека не се девици, а некои дури оделе дотаму што ги шиеле гениталиите, пишува порталот Best Top News.

Запознајте се со свадбените обичаи ширум светот

Лажирање на невиноста

Девојките ја лажирале невиноста со сунѓери натопени во крв, а користеле и крв од рибин меур. Лажната невиност била доста честа појава во Европа во текот на 19 век.

Секс на свадбата

Во Француска Полинезија, во архипелагот Маркиз, се практикува обичајот дека невестата мора да спие со сите мажи кои биле поканети на нејзината свадба, а прв во редот бил најстариот човек, а не младоженецот.

Право на девственост

Loading...

Во Европа исто така, постоело право на првата брачна ноќ, но во некои документи се наведува дека ова право не било користено. Имено, станувало збор за тоа дека благородниците би можеле да положат право на невиноста на новопечената невеста. Имало начин селанецот да ја спаси невиноста на својата млада сопруга со плаќање данок.

Јадење пепел од мртвите, танц со починатите: Морбидни обичаи ширум светот!

Плаќање на невиноста

Невиноста требало да се плати во некои земји во светот, а во африканската земја Бенин, мајката на невестата ветува дека ќе ја плати доколку остане невина до првата брачна ноќ.

За да ги добие парите, невестата треба да докаже дека таа навистина била невина, покажувајќи ѝ ја на мајка си крвавата постелнина следното утро.

Овој обичај широко се практикувал во историјата, не само во Африка, туку и во Европа, и не е изненадувачки што девојките биле подготвени да лажат дека се невини за да добијат пари, поточно мираз и почит.

Leave a Reply