Јадење пепел од мртвите, танц со починатите: Морбидни обичаи ширум светот!

Сподели со своите пријатели

Навистина има многу бизарни и чудни обичаи во светот за кои многу малку знаеме. За вас издвоивме пет што навистина нè изненадија.

Loading...

Не знаеме кој да се избере како најчуден, затоа одлучете сами дали е потешко да танцувате со мртвите, или да не одите во тоалетот три дена по свадбата.

Посебни свадбени обичаи во Русија: Невестата се тепа со гостите (ВИДЕО)

Во Бразил и Венецуела ги јадат своите најблиски што починале

Бразилското и венецуелското племе Jонамамо се познати по тоа што по смртта на член на семејство тие „уживаат“ во гозба. Но, она што го јадат, или она што го внесуваат во нивните тела, е навистина одвратно.

Традицијата им забранува да ги закопуваат починатите на начин на кој што тоа го правиме ние. По смртта, членовите на семејството ги делат  остатоците од пепелта и ги јадат.

Запознајте се со свадбените обичаи ширум светот

Причината зошто тие го прават ова е навистина посебна – починатите никогаш да не ги заборават.

Loading...

Камшикување во исламски земји и Индија

Иако сме противници на самоповредување, денес има верници кои сè уште практикуваат обичаи од античко време.

Едно од овие е почесното камшикување за време на оплакување на Мухарам, внукот на Мухамед, кој починал со 72 воини во битката кај Карбала.

Ова се најлудите празнични обичаи во светот

Почитувачите од Индија и исламски земји му оддаваат почит еднаш годишно. Процесијата не е пријатна за гледање, бидејќи мажите се камшикуваат со ланци по грбот за да му оддадат почит на Мухарам.

Во Мадагаскар танцуваат со мртвите

Иако ова се случува се поретко, племето Малгашки во Мадагаскар има една за многумина морбидна традиција.

На секои седум години, ги откопуваат своите најблиски од гробовите, завиткувајќи ги во свежи крпи со бела боја. Сето ова не би било толку чудно ако не ги креваат телата во воздухот и танцуваат на гробовите со музика.

Loading...

Необични сексуални обичаи ширум светот

Image by Free-Photos from Pixabay

Иницијациа од момче до возрасен маж во Бразил

Добро е познато дека племињата за кои малку знаеме денес, сè уште ги негуваат традициите на нивните предци. Едно од нив е племето Сатара Маве во Бразил.

За едно момче, член на племето, да биде прифатено како возрасен маж, тој мора да помине низ ритуалот за иницијација.

Ритуалот е болен и се состои од туркање на рацете во корпа со мравки, чии убоди се многу болни.

15 интересни, но и крајно бизарни традиции ширум светот

Loading...

Тие се нарекуваат и “clavata paraponera”, или подобро познати како „angry bullet ant“, и се меѓу петте животни чии убоди се најболни.

На припацниите на индонезиските племиња им е забрането корситење тоалет три дена по свадбата

Сега замислете ја следната ситуација. Се подготвувате за свадбата половина година порано и внимавате што јадете, се со цел да влезете во костумот или венчаницата што сте ги одбрале за вашиот посебен ден.

Младоженецот и невестата секогаш заедно сечат торта и се хранат меѓусебно, но дали знаете зошто?

Доаѓа денот на свадбата и едноставно не можете да чекате да уживате во храната. Сега замислете дека три дена по свадбата, не треба да одите во тоалет.

Звучи смешно, но тоа е традиција што ја негуваат членовите на индонезиското племе Тидонг.

Loading...

Имено, откако младенците ќе се венчаат, забрането им е да одат во тоалет три дена, а се верува дека причината е што делото повикува на среќен брак.

Во ОАЕ нема бакнување, во Франција нарачајте две јадења, во Чиле не јадете со раце…

Младенците ги чуваат членовите на семејството за да бидат сигурни дека им се дава минимална количина на храна сè додека повторно можат да вршат нужда.

Leave a Reply