Бизарна метода на руски бизнисмен: Капење во „лековит гулаш“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот бизнисмен Герман Стерлигов објави видео кое предизвика лавина коментари на социјалните медиуми.

Loading...

Имено, тој седи во голем бакарен сад над запален оган и тврди дека ова е одличен начин за „лекување на разни заболувања“.

„Само седнете и уживајте“, вели тој.

Рецептот за „лековитиот гулаш” што Герман го готви вклучува одредени билки и многу сол.

Стерлигов е многу горд на својот казан, за кој вели дека е стар 200 години и е направен од вистински бакар.

Според магазинот СК, бизарната снимка, наводно, била снимена на неговиот ранч во предградието на Москва, каде бизнисменот, кој направил богатство по падот на СССР, се пензионирал кога се уморил од градскиот живот.

Потоа, ги покани сите да дојдат и да се капат, затоа што тој не го направил садот само за себе.

Сепак, како што рече, може да смести само еден пациент на ден, бидејќи дезинфекцијата на котелот трае со часови.

Loading...

Стерлигов не ја откри цената на третманот.

Бизнисменот се најде во центарот на вниманието откако претходно продаваше векна леб за 10 долари затоа што е направен од „еколошки“ состојки од неговата фарма.

Контроверзниот бизнисмен е познат и по своите анти-геј ставови. Тој исто така продавал решетки за физичко казнување деца кои лошо се однесуваат.

Leave a Reply