15.05.2017 21:56

БИЗАРЕН РИТУАЛ: Во ова племе жените ги молат мажите да ги бичуваат и прекриваат со лузни (видео)

Facebook Twitter Google+

Етиопското племе Хамар има стравичен ритуал – мажите до крв ги бичуваат и тепаат жените. Што полоша лузна, тоа е поголем доказ за љубовта.

Ритуал: Еднаш годишно ги откопуваат и шетаат покојниците

За време на церемонијата „Укули була“ мажите од племето Хамар со сета своја сила со стап и бичеви ги тепаат девојките и жените, кои потоа не смеат да испуштат ниту глас, а не да заплачат или да врескаат.

Се работи за ритуал со кој момчињата стануваа мажи, а жртви се најчесто жените кои се дел од потесното или поширокото семејство на момчето. Ритуалот е успешен дури кога ќе потече крв, а лузните се најубавиот дел од бруталната традиција.

Loading...

Ако на бичувана жена еден ден и биде потребна помош од мажот кој ја бичувал на оваа церемонија, на пример, ако остане вдовица, лузната е доказ дека тој е должен да и помогне и не смее да одбие да го стори тоа.

Најбизарниот фестивал во светот: Се сечат со мечеви, а лицето го дупчат со ексери (вознемирувачко)

Но, тука не е крајот на ќотекот. Секој маж може својата жена (или жени ако ги има повеќе) да ја тепа каде посака, со причина или без. Тепањето најчесто трае додека жената не роди второ дете.

Инаку, ритуалот за растење на момчињата во племето Хамар има два дела: обрежување и прескокнување преку бикови. Ако момчето, целосно голо и босо успее да прескокне 15 крави подготвено е да стане Маза – полноправен член на племето и да се ожени. А, додека ги прескокнува биковите и него го тепаат.

Ова е најбизарниот сериски убиец во последните години (фото)

Што се однесува до положбата на жените, тие околу вратот носат обрачи кои ја покажуваат нејзината хиреархиска положба во општеството. Ако има само еден обрач значи дека е прва жена на својот маж. Ако со тој обрач има и други, тоа значи дека нејзиниот маж има онолку жени покрај себе колку што таа носи обрачи на вратот.

Првата жена нема никакви привилегии. Мажот е глава во семејството, тој донесува храна, се грижи за стоката и семејството да преживее. Жените се грижат исклучиво за децата и домаќинството.

БИЗАРЕН ритуал од кој настанал банџи скокот (видео)

Поголемиот од од 20.000 Хамари живеат по долината на реата Омо, најголем дел во селата. Нивните жени спаѓаат меѓу најживописно облечените во околината. Девојките и омажените жени се разликуваат и по облекувањето. Слободните смеат да носат фустани над колена, а мажените никако.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments