Биткоинот, најсилната крипто – валута во светот во однос на пазарната вредност, денеска порасна за прв пат во последните четири недели над 50.000 долари, продолжувајќи го растот што го забележа од почетокот на октомври, пренесува Ројтерс.
Најстарата глобална криптовалута падна под тоа ниво на 7 септември поради општата продажба на дигитални монети и акции во компании вклучени во синџири на блокчејн, и продолжи да тоне за да достигне најниско ниво од 40.596 долари на 21 септември.
Три теории на заговор за најголемиот пад во историјата на Фејсбук
Биткоинот денес порасна за 2,35 проценти на 50.398,10 долари.
Инвестициите во крипто производи и фондови забележаа раст седма недела по ред, бидејќи институционалните инвеститори беа охрабрени со најавите за поддршка од државните регулатори.