Падот на криптовалутите продолжи и денеска со падот на Биткоин под 16.000 долари за прв пат по речиси две години.
Продлабочувањето на вредноста на криптовалутите е под влијание на новите детали за скандалот со платформата за тргување со криптовалути FTX.
Имено, откако берзата на основачот Сем Бенкмен-Фрид поднесе барање за стечај, криптоберзата тврдеше дека е хакирана и дека „се чини дека сите средства ги нема“.
Во меѓувреме, извештаите во медиумите посочија дека Alameda Research, трговска фирма основана од Сем Бенкман-Фрид, искористила милијарди долари од корисниците на платформата FTX без знаење на инвеститорите, пишува Teletrader.
Биткоинот на тој начин потона за дури 5,53 отсто во изминатите 24 часа и се тргуваше за 15.921 долари за „монета“ во 1:28 часот по полноќ по ET, додека Ether во исто време падна за 6,52 отсто на 1.182,54 долари.