Битиќи: Владата уште во април најави дека ова ќе биде година на рецесија, остануваме на проекциите

Сподели со своите пријатели

Најновите статистички податоци за падот на БДП во третото тримесечје, за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се очекувани. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија. Тоа, вели Битиќи, не е случај само кај нас, туку со истиот проблем се соочуваат и сите други држави.

Loading...

– Остануваме на проекциите дека крајот на годината ќе биде со пад од 4,4 проценти. На неколку наврати кажав дека индустриското производство е во нагорна линија во смисла на опоравување. Не може да очекуваме, кога имаме над 30 проценти пад во вториот квартал, да имаме нагло одење во позитива во третиот квартал, рече Битиќи.

Очекува следната година економијата да оди во нагорна линија. – Мислам дека се движиме во правец кој ни дава надеж дека следната година ќе можеме да имаме подобар старт, рече Битиќи.

За набавка на вакцините за Ковид -19, како што информира, обезбедени се околу 8,4 милиони евра, а доколку има потреба за дополнителни дози, ќе бидат обезбедени дополнителни средства.

– За првпат во државата ќе иммеа ситуација во која поголем број на лица ќе треба да се вакцинираат. Над 400 илјади луѓе ќе се вакцинираат. Имаме донесено одлука за достапност на средства за набавка на ваквини околу 8,4 милиони евра. Остануваме на ставот дека ќе најдеме средства, доколку се потребни за дополнителен број вакцини во наредниот период, рече Битиќи.

Во однос на мерката за поддршка на ранливите категории на граѓани кои треба да добијат по 6.000 денари, Битиќи се надева дека таа би се операционализирала за десетина дена.

– Гласањето на овој закон во суштина беше малку одложено. Штом законот излезе во Службен весник, ќе се направат сите оперативни чекори, посочи Битиќи, додавајќи дека на граѓаните ќе им биде дадено доволно време за да можат да ги искористат средствата.

За случајот со назначувањето на Куштрим Рамадани за директор на МЕПСО, во кој Антикорупската комисија гледа судир на интереси, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за професионалец во областа и оти ставот е оти нема судир на интереси, но доколку има јако укажување од Антикорупциската комисија, тогаш тоа ќе биде земено предвид.

Loading...

– Зборуваме за виден професионалец во областа, човек кој долги години наназад служел во Регуалторната комисија и токму затоа е дадена одлуката тој да преземе толку важен ресор во државата. Го немам прочитано одговорот на Државната комисија за спречување на корупцијата, но тоа што го слушнав на една од состаноците, е дека ние сметаме дека нема потенцијален конфликт на интереси. Доколку имаме такво јако укажување, ќе се земе предвид, нагласи Битиќи.

Билјана Анастасова-Костиќ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *