БИЛД: Пругата кон Бељаковце никако да мрдне од слеп колосек

Сподели со своите пријатели

По најавата за изградба на пругата кон кумановското село Бељаковце, работите на терен се повторно на слеп колосек, јавува порталот Билд, откако после девет месеци, екипата новинари повторно го посетила градилиштето.

Loading...

Capture

Иако крајниот рок за целосно завршување на делницата Куманово – Бељаковце е 2016 година, процентот на реализација според Билд е на минимално ниво.

Како што стои наведено, постоечките надвозници во Куманово не се реконструирани, додека единствената завршена работа е отстранувањето на претходната неупотреблива пруга.

Во моментов на терен во кумановскиот регион се работи на ридските засеци долж трасата, како и кај селото Лопате на изградба на еден од планираните мостови, наведува порталот.

Capture

Целокупната должина на пругата од Куманово до селото Бељаковце изнесува 30,8 километри, а финансиската конструкција на проектот е над 50 милиони евра.

Свеченото отпочнување на изградбата на пругата кон Бугарија беше официјализирано на почетокот на март 2014 година, кога премиерот заедно со министрите го најавија паневропскиот Коридор 8, што вклучуваше изградба на едноколосечна електрифицирана пруга, три железнички станици, четири стојалишта, еден тунел, три мостови, осум подвозници и шест надвозници, наведуваат од Билд.

Loading...

Како изведувач на телекомуникациската и сигнална опрема се јави германската компанија ВИБЕ, додека за проектната документација беше задолжена австриската ИЛФ.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.