„БИЛБЛИСКИ НАСТАН“ ИЛИ НЕШТО ДРУГО:Река доби крваво црвена боја, никој не знае зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога реката ќе ја промени бојата во крваво црвена, како што тоа е случајот во рускиот град Тијумен, тогаш тоа голема причина за загриженост.

Мистериозен леден круг: Се формирал на реката и се врти, а луѓето доаѓаат да се возат на него (видео)

Loading...

Мештаните на наведениот град веќе недела дена се обидуваат од власта да добијат одговори за што се работи и веруваат дека реката Молчанка бојата ја променила поради отпадните води од блиската фабрика.

Мистериозна река која убива се што ќе се најде во неа (видео)

Руската државна новинска агенција „Тасс“ појавата ја опиша како „библиски настан“, а властите засега истакнуваат дека не можат да го одредат точниот извор или причина за загадување на реката, пренесува „СиБериан Тајмс“.

Неверојатна река во Колумбија која изгледа како од бајките (фото)

Жителите на Тијумен ги обвинуваат властите за спорост во реагирањето кога е во прашање ризик врз здравјето на локалното население, затоа што проблемот е присутен веќе недела дена.

СНИМКА КОЈА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА: Гром удри во река и направи вистински ХАОС (видео)

Александар Реин, задолжен за водните ресурси и еколошки прашања истакнува дека властите работат на решавањето на проблемот со загадувањето на наведената река и дека се надеваат да ја откријат причината во следните 24 часа.

ПЛАНЕТАТА ПОЛЕКА УМИРА: За четири дена исчезна река која течела 300 години (видео)

– Тим експерти кои го истражуваат проблемот не пронајдоа никакви траги на канализациски отпад. Лабораториски резултати се очекуваат до крајот на неделата, додала Ирена Митева, претставник на локалната власт.

ПЛАНЕТАТА ПОЛЕКА УМИРА: За четири дена исчезна река која течела 300 години (видео)

Локалното население, меѓутоа и натмау е загрижено за снабдевањето со пивка вода, затоа што стравуваат дека загадувањето би можело да доспее до пивката вода со која се снабдева градот.

https://youtu.be/xFx-h8SX_l0


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.