Безживотно тело пронајдено во бунар во село Добрашане

Сподели со своите пријатели

Тело во безживотна состојба претпладнево е откриено во бунар во борова шума во близина на црквата „Света Мина“ во селото Добрашане.

Идентитетот на лицето засега не е познат, според информациите на Основното јавно обвинителство се уште се врши увид на лице место, а порталот Куманово Њуз, повикувајќи се на неофицијални информации објави дека извлекувањето на телото се уште трае, а на местото на настанот се откриени траги од крв, каде е собран и доказен материјал.

Нема информации дали овој случај е поврзан со исчезнувањето на 30 годишниот кумановец од сабота. Полицијата повеќе детали најави наскоро.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.