Безос – првиот човек чие богатство наскоро ќе надмине 100 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот тајкун Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, гигантска интернет продавница, ќе стане првиот човек во светот чие богатство ќе надмине сто милијарди долари.

Денес, богатството на Безос вреди 96,5 милијарди и стотина милиони долари, проценува „Блумберг“. Додека другит есветски медиуми наведуваат дека Безос е во голем замав и дека е веќе меѓу тројцата Американци чие вкупно богатство тежи повеќе од имотот на половина од жителите на САД (80 милиини луѓе).

Професор објави листа: Што се пребаруваат студентите на интернет за време на предавањата? (фото)

Loading...

Вредноста на акциите на „Амазон“ на берзите расте, за пет години е зголемена за шест пати. Преку онлјан платформата за купување на „Амазон“ минатата година минал половина од износот кој Американците го потрошиле во овој начин на трговија.

 

 

Безос исто така станува неверојатно моќна личност во сетаблишментот во САД, за чиие бизнис зафати водечките американски медиуми главно пишуваат ретко, но секогаш со пофалби и избегнуваат да споменуваат било какви неправилности во работата.

Особено нема зборови за монополот на оваа компанија и се поцврстите врски со најголемите американски индустриски лобија, за што само ретко се шепоти во некој помал медиум.

Осум поединци се богати како половина човештво

Безос воспоставил особено силна врска со Централната информативна агенција – ЦИА, со која во 2013 година склопил договор.

За американскиот воен буџет за следната година предвидена е набавка преку комерцијални портали за интернет трговија вредна 53 милијарди долари и тоа ќе оди преку „Амазон“.

Со финансискиот раст и политичкат аи секоја друга моќ на Џеф Безос, независните аналитички поргали го нарекуваат следниот „газда“ на Америка.