Безос денеска се повлекува од местото генерален директор на Амазон

Сподели со своите пријатели

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на Амазон, треба да поднесе оставка денес од функцијата извршен директор на оваа гигантска платформа за онлајн купување, по 27 години на чело на компанијата.

Loading...

Безос, кој е на првото место на најбогатата листа на Форбс за најбогати луѓе во светот со имот вреден околу 189 милијарди долари, најави заминување од функцијата извршен директор на Амазон во февруари, со цел да се посвети на својата вселенска компанија Blue Origin, пишува Раша Тудеј.

 

 

Амазон, која започна да работи како онлајн книжарница во 90-тите години на минатиот век, порасна во последните две и пол децении и стана една од највредните компании на берзата во светот, со пазарна капитализација од 1,7 трилиони долари.

Безос планира да задржи 10,3 проценти од акциите во компанијата, како и позицијата извршен претседател на бордот на директори на Амазон.

 

Loading...

 

Тој ќе му ја предаде позицијата извршен директор на Амазон на Енди Џsеси, кој се приклучи на компанијата во 1997 година и кој во моментов го води секторот за облак-компјутери на Амазон.

Во меѓувреме, Безос планира да се придружи на екипажот на вселенското летало-капсула Њeу Шепард на неговата вселенска компанија на првиот патнички лет во вселената, што е закажано за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.

Leave a Reply