Шест локации во куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода привремено ќе бидат улиците „Индустриска“, „Тоде Мендол“ бр.49, „Никола Тесла“ бр. 143 и околни објекти, Романовски пат, улицата „11 Ноември“ и улицата „2“ во населбата Јане Сандански.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски