Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции на водоводната мрежа, во текот на денешниот ден, привремено без вода ќе бидат повеќе локации во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „429“ во населбата Иго Тричковиќ, булеварот „Трета МУБ“, улица „Бајрам Шабани“ и улицата „Народна Револуција“. Без вода ќе биде и локацијата Пчински пат.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

фото: пиксабеј

Leave a Reply