Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улицата „Вук Караџиќ“ бр. 28, улица „500“ во населбата Перо Чичо, „Јован Поповиќ“ бр. 23, „Иго Тричковиќ“ бр. 25, „Абдула Прешева“ бр. 27.

На улицата „Иво Лола Рибар“ бр. 63 ќе се врши враќање на терен во првобитна состојба после поправка на дефект на водоводна мрежа.

На улицата „Ѓорче Петров“, м.в. Гладно поле ќе има прекини поради приклучување на објект на водоводна мрежа, а од исти причини и на улицата „Козјачка“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

Никола Ивановски