Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, има дефект на главен челичен доводен цевковод Ф508 од селото Липково до филтер станицата.

Прекини во водоснабдувањето има кај корисниците од улиците: „АВНОЈ“, „Миле Кипра“ бр. 28, „Киро Антевски“ бр. 3, „Ж. Ј. Шпанац“ бр. 4.

На улицата „120“ во населбата Карпош се врши детектирање и сервисирање на заасфалтирани затворачи на водоводна мрежа.

Додека на улицата „Киро Антевски“ се врши трасирање и испитување на водоводна мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Никола Ивнаовски