Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или санации на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има кај корисниците од улиците „Димитрие Туцовиќ“, „Борис Кидрич“, населба Средорек бр.111, улиците „523“ и 527“ во населбата Ајдучка чешма.

Прекини  на водоснабувањето ќе има и на улиците „Васил Главинов“ и „Саво Ковачевиќ“

Порад сервисирање на фонтаните на градски плоштад, истите ќе бидат без вода во текот на денот.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Никола Ивановски