Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на мрежата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во текот на денот без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Војо Карастојанов“, „Тоде Мендол“, „Б.И.Гуне“, „422“ бр. 3 во населбата Иго Тричковиќ, „Трајко Прокопиев“, „Руѓер Бошковиќ“ и дел од булеварот „Октомвриска Револуција“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски