Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето има кај корисниците од улиците „120“ и „141“ во населбата Карпош, улицата „523“ бр. 117 во населбата Ајдучка чешма и улицата „425“ во населбата Иго Тричковиќ. Прекини има и комплексот на поранешен Ловечки дом во селото Проевце.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа