Без вода четири локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето ќе има кај месноста Палестина во населбата Долно Којнаре, улицата „Никола Тесла“ бр. 52, „Иво Лола Рибар“, а дефект има и на главен челичен доводен вод Ф 508 до филтер станица.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена во сообраќајка на патот Охрид – Кичево