Без вода 10 локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денешниот ден ќе бидат десет локации во Куманово, поради интервенција на дефекти.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вода ќе нема на месноста викана „Аџитепе“, улиците „Миодраг Петровиќ“ каде има реконструкција на водоводни приклучоци, „Милан Лисица“, „Трст“, „Србо Томовиќ3“, „Димче Каранфиловски“, „Прва Петолетка“, „Анѓа Ранковиќ“, „Ѓорче Петров“ бр.24 и околни објекти, како и населбата Средорек.

Loading...

Екипите на ЈП „Водовод“ освен што интервенираат на тие локации, изведуваат и интервенции на канализациона мрежа ќе има на „Индустриска“, „Народна Револуција“, „Бошко Буха“, „Титова Митровачка“.

Паралелно се одвива и ронструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа на улиците „11ти Ноември“, „Боро Прцан“, „Орце Николов“, „Вардарска“,  „Карл Маркс“ и „Благој Илиев – Гуне“.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *