Без струја утре неколку улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово утре привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 14:00 часот прекини на снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците од улиците „Јоско Илиевски“, „Братство Единство“, Детската градинка, општинската зграда, како и улиците „Цар Самоил“, „Крсте Мисирков“, „Црнотравска“ и „Вардарска“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Пеколните температури продолжуваат