Без струја и вода денеска овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без снабдување со вода и електрична енергија во текот на денешниот ден ќе бидат повеќе локации низ Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска во период од 08:00 до 14:00 часот ќе има на дел од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.

Во периодот од 12:00-13:00 часот, без електрична енергија ќе останат потрошувачите од Горно Којнаре, Долно Којнаре, Костирница, Кратовци, Индустриска зона, Речица,(Бентони, Рапид Бил, Бензинска пумпа Мак, Бензинска пумпа Шел, Бензинска пумпа Хели Компани, Сити Бетон).

Прекини во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе има и во селата Агино Село, Брзак и Романовце.

Според РЦУК, прекини денеска во снабдувањето со вода ќе има кај корисниците од улиците: „Бранко Богдански Гуцман“, „Бајрам Шабани“, „Димо Хаџи Димов“, „Јакуп Асипи“ и улицата „ЈНА“ (Фабрика ЧИК).

Никола Ивановски