Без вода овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денешниот ден ќе бидат повеќе локации во Куманово поради дефекти на дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што инфорираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска во снабдувањето со вода ќе има кај корисниците од улиците: „Бранко Богдански Гуцман“, „Бајрам Шабани“, „Димо Хаџи Димов“, „Јакуп Асипи“ и улицата „ЈНА“ (Фабрика ЧИК).

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски