Без струја денеска и утре повеќе локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат жителите на селото Љубодраг.

Во период од 09:00 до 11:00 часот прекини се најавени за повеќе села, и тоа: Драгоманце, Стрновац , Старо Нагоричане, Младо Нагоричане, Пелинце, Муталово, Никуљане, Карабичане, ЗУК Табановце, Жегљане, Степанце, Малотино, Рамно и Арбанашко.

Во текот на утрешниот ден во период од 08:00 до 10:00 часот прекини на електричната енергија се најавени за месноста Стари Лозја.

Во период од 09:00 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат жителите од улиците „Титова Митровачка“, „Никшичка“ и „Тоде Думба“.

Утре во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Доне Божинов“, односно населбата Средорек.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply