Берлускони ги прекршил санкциите кон Русија

Сподели со своите пријатели

Дваесет шишиња вотка испратени од рускиот претседател Владимир Путин до италијанскиот политичар Силвио Берлускони ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, соопшти Европската комисија.

Loading...

Поранешниот премиер Берлускони, чија партија Форца Италија ќе биде членка на новата коалициска влада, предизвика контроверзии оваа недела со изјавата дека повторно е во контакт со Путин.

„За мојот роденден ми испрати 20 шишиња вотка и многу убаво писмо“, им рекол Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на своите пратеници, според аудио снимката што ја пренесе новинската агенција ЛаПрес.

Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, вклучително и вотка, соопшти Комисијата, додавајќи дека нема исклучоци кога станува збор за подароци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД понуди 5 милиони долари за информации за ИТ шпиони од Северна Кореја

Сепак, останува на земјите-членки да ги спроведат овие санкции и не се знае дали италијанските власти ќе преземат нешто во врска со ова.