Бензините од ноќеска се продаваат по нови цени

Сподели со своите пријатели

Дел од нафтените деривати од ноќеска се продаваат по повисоки цени, а други имаат непроменети цени во однос на минатата недела.

Loading...

Како што одлучи Регулаторната комисија за енергетика, цените на „ЕУРОСУПЕР БС-95“ и „ЕУРОСУПЕР БС-98“ се зголемени за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени.

Тоа значи дека од полноќ „ЕУРОСУПЕР БС-95“се продава по цена од 67 денари за литар, а „ЕУРОСУПЕР БС-98“ по цена од 69 денари за литар.

Дизелот и понатаму се продава по истата цена, односно 62 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 0,122 ден/кг и се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Оваа цена ќе важи до следниот понеделник.

Leave a Reply