Белгија: Истражуваме руски шпионски брод во Северното Море

Сподели со своите пријатели

Белгија го истражува присуството на руски „шпионски брод“ во Северното Море, пишува Sky News.

Loading...

Истрагата беше покрената еден ден откако холандската разузнавачка служба објави дека Русија планира да ја саботира инфраструктурата во Северното Море.

Белгискиот министер за море, Винсент Ван Квикенборн, најави дека Белгија „не треба да биде наивна“ кога зборува за руските мотиви и „особено ако видиме сомнително однесување во близина на нашите ветерници, подводни гасоводи, интернет кабли и друга критична инфраструктура“.

Рускиот шпионски брод беше откриен во средината на ноември минатата година, рече министерот.

Вчера, меѓутоа, холандската морнарица објави дека пресретнала и придружувала руски брод од локација во близина на поморска ветерна електрана во Северното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Москва не ги коментираше холандските и белгиските извештаи за нејзините бродови во Северното Море.