Белгија ги укина сите епидемиолошки ограничувања за патување

Сподели со своите пријатели

Белгија денеска ја укина забраната за влез во земјата за патници од трети земји кои немаа суштинска причина за патување, а која беше воведена за време на пандемијата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Loading...

На патниците од земјите кои не се членки на ЕУ, повеќе нема да им треба доказ за причината за патување за да влезат во Белгија, ниту пак ќе треба да добиваат сертификати за вакцинација или да пополнуваат формулари за следење на патниците.

 

Кина ќе тестира 99 милиони луѓе во кинеската провинција Хенан на секои два дена

 

Носењето заштитни маски во Белгија од денеска останува задолжително само во болниците, ординациите и аптеките, а се укинува и во јавниот превоз.

Во исто време, белгиските власти одлучија од денеска да го деактивираат националниот „корона барометар“, кој го следеше развојот на епидемиолошката состојба во земјата.