Бектеши: Има голем интерес за поставување на фотоволтаици кај домаќинствата и компаниите

Сподели со своите пријатели

Има голем интерес за поставување на фотонапонски панели од страна на домаќинствата и малите потрошувачи, посебно сега откако беше објавен новиот изменет Правилник за обновливи извори на енергија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во денешното гостување во „Утрински брифинг“

Loading...

„До 2019 година имавме многу стар Закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори на енергија, од тие причини и се менуваше  Законот за енергетика, а со тоа и Правилникот за обновливи извори според кој сега секое домаќинство ќе може да монтира фотоволтаици. За да се монтираат фотоволтаици потребно е домаќинството да го смени мерачот со таков кој има влез и излез на електрична енергија. Така вишокот на енергија домаќинствата можат со операторот да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати. Ако беше дозовлено 4 киловати сега со новиот Правилник е дозволено производство на 6 киловати .Така едно домаќинство ако искористи само 2 киловати вишокот на енергија од 4 киловати може да ја предаде на ЕВН кој е Универзален снабдувач. Така домаќинствата можат да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати“ кажа министерот Бектеши.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

Министерот информираше дека има приватни компании кои инсталираат вакви панели, а за да се монтираат треба потврда од надзор според Законот за градење, кој во наредниот период ќе претрпи измени со цел да се поедностават процедурите за да се стимулира зелената енергија.

„Од 1 јули ќе има нов тарифник за наплата на електричната енергија, кој ќе биде скалест, па оттука во која тарифа ќе се испорача струја од домаќинството до снабдувачот, снабдувачот во истиот период ќе има обврска по иста цена да ја пресметува електричната енергија што ја испорачува до тоа домаќинство.Нашите проценки се дека до крајот на годината ќе имаме 150-170 киловат часови инсталирана моќност од ваква инвестиција од домаќинствата и компаниите, кажа министерот Бектеши за „Утрински брифинг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)