Бектеши: Државните институции заштедиле вкупно 20% електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 20% на потрошувачката на електрична енергија.

Loading...

Во прилог Ви го доставуваме интегрално говорот на министерот Бектеши од прес-конференцијата:

„Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија достави сет на препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во Република Северна Македонија, за безбедна зима.

Овие мерки почнаа да се применуваат од 1 септември и сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија за 15% на месечно ниво започнувајќи од 1 септември 2022 година заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година.

Согласно податоците на Министерството за економија обезбедени од Електродистрибуција АД Скопје за потрошувачката на електрична енергија од министерствата со сите подрачни единици, Владата, Судовите и Собранието, Кабинетот на претседателот, како и ЕЛЕМ и МЕПСО направена е вкупна заштеда на електрична енергија од 20%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Доколку се анализираат податоците земени од потрошувачката само на административните згради на Министерствата, Претседател на РСМ, Собрание на РСМ, Влада на РСМ, АД ЕСМ, АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25%.

При што 6 субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15% согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15%-73%, повеќето од 25% до 35%. Единствено административната зграда на Министерството за локална самоуправа, има зголемена потрошувачка на енергија за 81% во септември 2022, споредено со истиот месец 2021 година.

Согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25%, кај Министерство за внатрешни работи 21%, Министерство за култура 40 %, Министерството за образование 35%, Министерство за политички систем 22%, Министерство за транспорт и врски 30%, Министерство за труд и социјална политика 36%, Министерство за финансии 32%, Министерство за економија 30%.

Loading...

Од друга страна најмала заштеда е направено во административната зграда на Министерството за здравство од 2%, по што следат Министерството за надворешни работи од 8% заштеда и Министерството за одбрана од 8% заштеда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Собранието заштедило 29% од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17%.

Исто така во, анализата на потрошувачката на електрична енергија покажува дека заштедата кај претпријатијата во државна сопственост изнесува 8%, а опфатени се вкупно 17 државни компании.

Од нив 9 субјекти оствариле заштеди од минимум 15% во месец септември 2022 година споредено со истиот месец во 2021 година, пет субјекти оствариле заштеди помалку од 15%, два субјекти имаат поголема потрошувачка на електрична енергија.

Анализата исто така покажува дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена односно цената на HUPX + 20%. Најголем број на субјекти кои се снабдувани од снабдувачот во краен случај се основните и средните училишта, по што следат министерствата и здравствените установи.

Согласно анализата општините кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ

При тоа од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15%, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда на електрична енергија поголема од 15%

Најмногу отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе.

Loading...

Останатите што не ја постигнале заштедата од 15% се во ранг од -14%до +13%.

Овие податоци за заштеда на електрична енергија покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадеме максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза.

Сакам да апелирам до сите дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во Северна Македонија туку и во цела Европа не е шега, и секој степен помалку е заштеда од околу 5% на енергенсите.

Грејната сезона започна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика“.