Бегалскиот центар во Табановце е ограден и тампониран (фото)

Сподели со своите пријатели

Пред повеќе од недела дена, започна оградувањето на привремениот бегалски центар во Табановце, стациониран во маалото Сланиште, каде во моментот се згрижуваат бегалци кои пристигнуваат на Железничкиот премин близу српската граница Прешево.

Loading...

Од самото отварање на коридорот за бегалци, бегалскиот центар за разлика од Гевгелија беше неограден, и со слободно влегување на приватни лица и НВО активисти, со што се создаваше лоша слика поради големиот број луѓе кои во обид да помогнат на бегалците, зад себе оставаа неред.

Со оградувањето на просторот што започна пред една недела, како и тампонирање на патот што води кон српската страна, на преминот Табановце состојбата се менува на подобро, како и фактот што во налет на дождливи денови, бегалците ќе имаат подобри услови за пешачење кон српската страна.

Оградувањето на просторот се спроведува преку Регионалниот Центар за управување со кризи од Куманово со финаниска поддршка на УНХЦР.

Влезот во кампот со оградување на просторот е возможен само со издавање пропусница од страна на РЦУК, но, безбедносната контрола се уште се спроведува од полицијата, а не од страна на АРМ како што е тоа случајот во Гевгелија.

Просторот кој е заобиколен со жица е во сопственост на Македонски Железници и засега нема преградени делови од приватен посед, информираат жителите на Сланиште.

Железната жица наскоро според најавите ќе биде поставена до граничниот камен од каде започнува српската територија.

Loading...

Трансферот на бегалци на северниот премин се одвива непречено, со цирка 2000 бегалци на ден кои пристигнуваат од Гевгелија со возови на Македонска Железница.

Делењето храна и вода за бегалците ја спроведуваат невладини организации како и мобилните тимови на Црвен Крст, кој истотака е задолжен за пружање примарна медицинска помош.

Во периодот од 19 јуни до 13 октомври, издадени се потврди на вкупно 137.290 странски државјани, од кои, 89.467 се од машки пол, 18.408 се од женски, 24.247 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.168 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.